Во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, а во соработка со Општина Велес и Јога здружението од Велес, на 1.февруари во Ликовниот салон во Велес, беше одржана промоција на делото „Сатсанг – средба со вистината“ од авторот Павлос К. Хасанагас.

Книгата е замислена како збир на одговори на практиканти на јога, кон кои и всушност се обраќа авторот. Промотор на книгата беше велешанката Светлана Ќулумова, пензионирана професорка по македонски јазик и литература и практикант на јога. Полниот Ликовен салон покажа дека во Велес се повеќе се буди интересот за јогата и дека и литературата од овакв тип повеќе треба да биде застапена на пазарот.