Во топла и инспиративна атмосфера во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, се одржа промоцијата на второто и третото книжевно дело на младата велешанка Вероника Саздовска – „Без крај“ и „Животот е убиец, а ти борец“.

Промотор беше Десанка Николова, а рецензент Анде Д. Јанков. Двете книги носат силни психолошки пораки и се насочени кон младата публика, особено кон оние кои се соочуваат со анксиозност, осаменост или депресија.

Културниот дел на програмата беше збогатен со музички изведби на Оркестарот на народни инструменти при музичкото училиште „Стефан Гајдов“, под менторство на професорот Трајче Малинов, како и пијано композиција во изведба на ученикот Огнен Ристов.

Извадоци од книгите читаше Изабела Жабева, а низ вечерта нè водеше Марија Настовска. Делa што храбро зборуваат за внатрешните борби и потребата од поддршка. Честитки до Вероника за уште два искрени и моќни книжевни подвизи!