РОМАНОТ „МИСИЈА“ ОД МИЛЕ КОСТОВ Е ПРОГЛАСЕН ЗА РОМАН НА ГОДИНАТА ОД СТРАНА НА ИЗДАВАЧКАТА КУЌА „ЃУРЃА“

 

Традиционално, Летниот саем на книгата во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се отвара со промоција на книжевно дело, па така оваа година честа да го отвори саемот падна на наградениот роман „Мисија“ на авторот Миле Костов, кој го понесе епитетот роман на годината доделен од издавачката куќа „Ѓурѓа“. Промоцијата се одржа на 1-ви јули, понеделник, во 12 часот, во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, а за романот и неговите вредности свое обраќање и промотивна реч имаше писателот Игор Крајчев. Извадоци од самиот роман читаше велешката писателка Лила Арсова.

Свое обраќање имаше и авторот, кој пред полната сала се заблагодари на честа која му е укажана и најави и продолжение на наградениот роман.

Присутните имаа можност да добијат и потпишан примерок од авторот.