Промоција на сликовницата „Стари детски игри“ – креативно дело на ученичката компанија Playful Pages од ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес.

Автори на оваа уникатна сликовница се учениците: Ива Петровска, Ангела Анастасова, Симона Крстевска, Искра Ризовска, Максим Чукниев и Данче Лазов, под менторство на проф. Радмила Андовска и со поддршка од проф. Каролина Манаскова.
Сликовницата има две верзии: стандардна – за деца со типичен развој и инклузивна – со фонт за дислексија, симболи, аудио и видео содржини – за деца со потешкотии во читање.

Проектот е реализиран во соработка со учениците и нивните наставнички Лорета Стојановска и Мимоза Јованова од ООУ „Панко Брашнаров“ – Велес. Тие имаа и свој рецитал на промоцијата а настанот започна со композицијата „Ода на радоста“ од страна на Бојан Шопов, еден од учениците кој истовремено и ученик во ОМУ„Стефан Гајдов“ Велес .

Рецензентка на сликовницата е проф. Жаклина Зафирчева која што во своето обраќање даде опис кон литературната вредност на сликовницата.
Оваа сликовница е водич низ игрите со кои пораснале генерации и на секоа страна, преку QR-код, можеш да најдеш видео и аудио материјали преку кои ќе можеш полесно да ги запознаеш и одиграш игрите.
