Во рамките на културната манифестација „Топол културен бран“, а во организација на Локалната библиотека и Општина Велес, на 29ти јули во Ликовниот салон во Велес со почеток во 20 часот, се одржа промоција на најновото поетско остварување „Наспроти ветрот“ на еминетната велешка поетеса Павлина Климкар Меанџиева. Како што и самата поетеса нагласи на промоцијата, станува збор за стихови напишани за кратко време, буквално во еден здив поради ситуација во нејзиниот живот која предизвикала силни емоции и чувства.
Делото се карактеризира со силни емоции, љубов и се разбира силакоја претставува двигател во животот.
Промотор на книгата беше велешкиот поет и писател Игор Крајчев, кој не штедеше суперлативи за д ја истакне големината во стиховите на Климкар Меанџиева, притоа давајќи и го епитетот легенда во современата македонска книжевност.
Стихови од стихозбирката „Наспроти ветрот“ на присутните им прочита велешката актерка Слободанка Чичевска.