Во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес денес се одржа работилница под наслов „Запознај го Перу“. На оваа работилница ни се овозможи да се запознаеме поблиску со богатата култура, историја и традиции на далечното, но духовно блиско – Перу.

Гостин беше почесниот конзул на Република Перу во Македонија – г. Ненад Јаниќевиќ, кој несебично ја пренесе љубовта кон оваа фасцинантна земја.

Особено ни беше драго што дел од настанот беше и Роса – наша сограѓанка која е од Перу и сподели лични приказни и ни го доближи перуанскиот начин на живот, образованието и традициите.

Дел од програмата беше и креативна работилница, каде најмладите учесници бојеа слики со мотиви од културно-историското наследство на Перу