Денес се одбележуваат 82 години од печатењето на збирката поезија на македонски народен јазик „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин.
Со само 12 творби на триесетина страници „Бели мугри“ претставува патоказ на современата македонска поезија и втемелувач на голем број јазични карактеристики кои неколку години подоцна се прифатени при кодификацијата на македонскиот литературен јазик.