Зборот е печат, а делото вечен паметник на едно време, на едно постоење. Кога делото се чува и негува тоа опстојува низ годините, низ вековите, а со самото свое опстојување, на својот создател му дава бесмртност. Токму тоа го прави Библиотека негувајќи го Роднокрајниот оддел, а со тоа се вбројува во малкуте библиотеки во државата кои го поседуваат овој оддел. Не само што ги зачувува делата и авторите од забот на времето и заборавот, туку го бележи и културниот развојот на градот Велес.

Како Оддел бележи децениско постоење, вбројувајќи автори со своите дела, како и објавени прилози и статии поврзани со градот или од роднокрајни автори. Како што го следи културното развивање на градот, така го следи и трендот на дигитализација. Па така библиотекарката Јадранка Мајсторова, која е заслужна за развојот за овој Оддел , му дава современа димензија внесувајќи во Cobiss апликацијата околу осумстотини наслови од роднокрајни автори. Со самото внесување во Aзбучниот каталог и УДК класификацијата ги популаризира авторите и делата не само надвор од градот, туку и надвор од државата.

Izlozba na knigi od rodnokrajni avtori 5

Библиотеката со поддршка на Министерството за култура го реализираше проектот за набавка на дела од роднокрајни автори, објавени во 2023 година. Беа набвени книгите од роднокрајните автори Атанас Крлевски, Александра Велинова, Ѓорѓи Малковски, Наташа Богоевска Брезовска, Александра Велинова, Сања Стојанова и Васил Тоциновски.

Водител на настанот беше Јасмина Ѓорѓиева, извадоци од делата читаше Марија Бошевска, а свој настап имаше Стефан Ракиџиев под менторство на Илија Настов од ООМУ „Стефан Гајдов“ Велес.

Делата го надживуваат времето кога настанале. Да се надеваме дека и овие дела ќе бидат безвремени, бидејќи тие се нашето завештание за генерациите што доаѓаат.