Ивана Јанева, во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, ги промовираше своите две книги „Моќта на безгласната девојка“ и „Зборовите на безгласната девојка“.
   
 
„Книгите на „Безгласната девојка“ се низа кратки раскази, кои зборуваат за голем број на жени, девојки, кои го практикуваат молкот, своето тајно оружје. Преку расказите можете да „патувате“ низ кањоните на љубовта, храброста, моќта, безгласните зборови, тагата, среќата… на жената“ изјави во воведниот говор Снежана Бошевска директор на Локаната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.
 
За рецензентот Тања Гоцева, двете книги се мајсторски уредени и убаво стилски дотерани.
„Најискрено ги препорачувам овие две дела да секој ги има и прочита. Не само еднаш, како што би рекле народски, поради реда., туку да им се навраќате повторно и повторно. Зошто ова не се книги што еднаш се читаат и се ставаат дебело во полицата. Ова се книги кои се живеат“.
 
„Преку книгите сакам да пратам порака за тоа како првин да се почитуваме себе, за некој да не почитува нас. Како да бидеме истрајни, храбри. Како да грабаме од животот – максимум. Оставам моите безгласни зборови да го направат своето. Да треперат во душата на читателот. Оној кој ќе ги разбере зборовите, ќе ја осети моќта на безгласноста“ изјави авторката Ивана Јанева.
Bezglasnata promocija 1