Во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Велес во соработка со Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин”, беше промовирана книгата „Детски мечти“ од велешката авторка Лила Арсова. Оваа книга во која има седум приказни кои на различен начин го објаснуваат значењето на другарувањето и љубовта ја доби и наградата „Пелистерски ракувања“ на Дата –Песнопој Битола .

Promocija Detski mecti 4

„Сите мои дела се наменети за децата и младите, иако книгата нема возрасна граница за која публика е наменета. Уживам додека ги пишувам, уживам додека ги читам, уживам додека ги раскажувам“ – кажа Арсова која е одделенски наставник  во подрачното училиште на ОУ Васил Главинов во населба Превалец.

Promocija Detski mecti 2

Промоторот  Васил Тоциновски преку интеракција со присутните деца во публика успеа да прокоментира дел од сказните и напомена дека „детските мечти“ се всушност филозофија за пријателство, поточно другарување на детето со животниот свет.

„Новата книга на Арсова е концепт кој нуди седум приказни, бајки, за седум дена, или за секој ден од седмицата по една. Во книгата централна личност е детето, кој е секундарна појава, бидејќи се околу него е главната тема која ја интересира авторката. Тоа се домот и семјеството, традицијата, пријателството. Детските мечти се филозофија за пријателство и другарување на детето со животните, растителениот свет“ – кажа Тоциновски.

Детските емоции силно се чувствуваа од настапот на учениците од четврто одделение од ООУ „Блаже Конески“ – Велес, под менторство на Лидија Атанасовска и Орданка Крстевска, кои имаа драмска изведба на расказите од текстите „Црвената роза и Бубамарата бела“
 
Ученици од петто одделени од ООУ „Васил Главинов“-Велес под менторство на Елена Клемова пак одиграа драматизиран текст од расказот “Танцот на пеперутките“.
 
Промоцијата беше проследена од многубројна публика од ученици и граѓани, кои со внимание ги проследија драмските настапи и музичко-сценскиот настап на Бубе Лазов и беа воодушевени од оваа несекојдневна промоција.