Денес, Македонија одбележува 122 години од смртта на великанот на македонската историја – Гоце Делчев, револуционер, просветител и борец за слобода.
 
По тој повод, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, со положување на свежо цвеќе на спомен-обележјето, му оддадовме почит на нашиот патрон и идеолог на македонското ослободително движење.
 
 
Дополнително, библиотеката постави изложба од книги, документи и други дела поврзани со животот и делото на Гоце Делчев, со цел да им овозможи на граѓаните подлабоко запознавање со неговото визионерско наследство.
 
 
Роден во Кукуш во 1872 година, Делчев се образувал во Солун и Софија, а учителствувал во Штип. Неговата мисла дека „светот го разбирам само како поле за културен натпревар меѓу народите“ е темел на неговата визија за слободна и просветена Македонија.
 
Денес, после 122 години, Гоце Делчев останува симбол на борбата за слобода, правдина и еднаквост, а неговото наследство продолжува да инспирира генерации.