Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, учествуваше на јубилејното 50-то издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“, во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани, кој и оваа година ја продолжи својата благородна мисија – да ги поттикне младите да творат на македонски јазик.

На фестивалот, Библиотеката учествуваше со творби од ученичката Исидора Николовска од ООУ „Васил Главинов“- Велес со ментор Бојанка Џипунова, и Марија Талевски од ООУ„Блаже Конески“ со ментор Костадинка Атанасова на тема 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик. Двете творби се најдоа во зборник издаден по повод овој јубилеј, додека пак Исидора Николовска со својата поетска творба освои втора награда.

Оваа вредна соработка е доказ за заедничката посветеност на библиотеките во неговањето на литературната култура и јазичниот идентитет кај младите генерации.