На 06.02.2014, во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, а под покровителство на Општина Велес, во библиотеката се одржа промоцијата на романот „Немата принцеза“ од роднокрајната авторка Адна Билаловиќ.
Ова е прво дело на младата Адна, со кое таа дебитира на писателската сцена и според промотивниот говор на нејзиниот промотор професор Лила Арсова, која е воедно и автор на неколку поетски книги, романот „Немата принцеза“ е исклучително квалитетно дело кое навистина заслужува внимание.
Извадоци од романот читаше ученичката Магдалена Лескова, а за крај свое обраќање пред присутните имаше и младата писателка Адна Билаловиќ која се заблагодари и на организаторите и на присутните.