Промоција на книгата „Муабетење со умот“ од Нада Алексоска
by admin | Jun 23, 2022 | Промоции |
Новата книга „Муабетење со умот“ беше промовирана во Ликовниот салон на ден 16.10.2020. Автор е велешанката Нада Алексоска професор во пензија, на која оваа и е трета книга раскази, а има објавено и повеќе стихозбирки. Во книга се содржани куси раскази, новели кои се поделени во четири групи, во нив преовладува чувството кон татковината, кон околината во која живее и семејството.
Во книгата има многу метафорични моменти, како доаѓањето на ластовичките што значи на враќањето на нашите деца и внуци кои се во странство. Книгата ја опфаќа особено осаменоста на постарите жители во руралните населби бидејќи нивните деца и внуци се заминати или во поголемите градови во земјава или во странство, а говори и за испустувањето на селото.
Сите наши иселеници ќе се најдат во оваа книга со раскази, но и нивите родители и роднини кои тука во земјава ги чекаат, секогаш со отворени врати, а за жал многу од нив и не ги дочекуваат – изјави промоторот Веле Алексоски.