Во просториите на медиотеката на Локалната библиотека„Гоце Делчев“ од Велес во периодот од 20.09.2021 до 30.09.2021 се организираше изложба на книги набавени со финансиска поддршка на Министерството за култура, со почитување на протоколите  на КОВИД – 19.

Проектот е одобрен на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на заштитата на културното наследство за 2021 година од страна на Министерството за култура.

Целта на овој проект беше промовирање на културното наследство – книгите , како вистинска вредност , посебно кај младите.

Со финансиските средства во износ од 44.000,00 ден одобрени од страна на Министерството за култура се набавија книги во три категории

1.Лектири од прво до деветто оддделение

2.Книги од македонски автори и

3.Белетристика.

По  спроведување на набавката на нови наслови, се организираше изложба , со цел да се запознаат граѓаните од Велес со новите наслови, посебно се стави акцент на младите од основните и средните училишта од Велес.

Набавката на новите изданија финансирани од страна на Министерството за култура поттикна упис на  нови корисници на услугите на Библиотеката.