По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, денес нашата Библиотека ја посетија ученици од ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес, заедно со своите наставници.

Учениците се запознаа со начинот на кој функционира библиотеката, го разгледаа Одделот за деца, ги пронајдоа нивните омилени книги и сликовници. Заедно донесовме заклучок како треба да се однесуваме кон книгата, зошто и на кој начин треба да ја чуваме. Учениците учествуваа во мала креативна работилница каде со голема радост цртаа и боеја.

Библиотеката е домот на книгата, место каде што се негува љубопитноста, учењето и љубовта кон знаењето.
