Во пријатната атмосфера на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, се одржа промоцијата на новата книга афоризми „На кркуш“ од Атанас Крлевски. Настанот беше дел од 2. Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“, кој годинава повторно ја слави духовитоста, сатиричниот израз и моќта на зборот.

Промотор на книгата беше проф. Марија Брндевска, која со инспиративно излагање ја претстави книгата и творечкиот свет на авторот.

На промоцијата беше претставен и портретот на афористичарот Марко Пајиќ од Србија, во знак на почит кон неговиот придонес во афористичната уметност.

Убавата атмосфера беше збогатена со музички и уметнички настапи на: Марија Кирова и Лана Зврцинова од Балетското студио „Анабела“ и Љупчо Синадиновски од ОМУ „Стефан Гајдов“ – Велес.
