Библиотеките не се само место каде се развива љубов кон книгата туку и место каде се стекнуваат нови другарства. Во нашата библиотека децата другаруваа со сликовницата „Тино- бездомното полжавче“, преставена од деца за деца.

По повод 1 јуни-Меѓународниот ден на детето, учениците од трето одделение од ООУ “Ванчо Прке” од Штип со наставничката Милена Авукатува ја презентираа приказната од оваа сликовница, а со големо внимание ја проследија ученици од второ одделение од ООУ ” Блаже Конески” од Велес. Имавме и интерактивен дел во кој покажаа дека добро ја разбрале содржината и пораките што ги носи, за што си добија и медали.

Активноста е во организација на ЗХ “Либертас” – Штип, а во соработка со велешката библиотека и НУ – Библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, затоа што се библиотеките се вистинско место, каде што се раѓа и потикнува љубов кон книгата и пишаниот збор. На библиотеката и училиштетото им беа подарени сликовници од страна на заедницата и така Тино си најде дом во нови детски срца.

Во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, УНИЦЕФ донесува одлука да се посвети посебен ден за децата. 1 јуни-Меѓународен ден на детето се прославува во поголем дел од земјите во светот. Овој датум за децата означува нов почеток за подобрување на животот на најмладите. Секое дете има свои желби, соништа и детската среќа и иднина зависи од сите нас. Tие се нашето најголемо богатство, нашата надеж и иднина, затоа сите заедно треба да им овозможиме да живеат убав, среќен, исполнет и здрав живот со многу љубов.