По повод 5 мај- Денот кога е озаконета македонската азбука се реализираше работилница со ученици од трето одделение од ООУ„Блаже Конески“ со одговорните наставнички Невенка Ѓошева и Снежана Стојковска.

Гостин на настанот беше роднокрајниот автор Десанка Николова којашто прочита дел од нејзиното творештво посветено на македоската азбука.

Од страна на библиотеката им беа презентирани книги со оваа тематика. Учениците ветија дека ќе говорат и ќе пишуваа на литературно македонски јазик со употреба на кириличното писмо.

На работни листови пишуваа македонски имиња кои започнуваат со секоја буква и на крај се изработи книга за азбуката.
