Локалната библиотека „Гоце Делчев“ и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ го одбележаа 8 Март Меѓународниот ден на жената со организирање на пригодна свеченост на тема „Мајка-највозвишената жена во светот“.

По повод овој празник беше распишан поетски конкурс од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и Библиотеката на тема „Мајка“ или „Мајчините очи“ и им беа доделени дипломи на наградените ученици.

Програмата ја збогатија и ученици од 3 одделение од ООУ „Блаже Конески“ под менторство на своите наставнички -Лидија Атанасовска, Славица Трајковска, Александра Мишкова со изведба на драматизација со наслов „Која е мојата мајка, како и ученици од сите паралелки од четврто одделение од ООУ „Васил Главинов“ кои ја посетуваат музичко – ритмичката секција, со одговорните наставници Елена Клемова, Сузана Палитовска и Билјана Радевска, со хорска изведба на песната„Мајка“.

Беа изложени и прекрасните портрети и слики на талентираниот Бубе Дуков, изработени токму за овој настан.

Dodeleni nagradi 8 mart