МИСИЈА

МИСИЈА

Термините на нашата мисија се јасно зацртани во оваа програма и во нашите желби Библиотеката да ја издигнеме на едно ново повисоко ниво, ниво кое ќе претставува една високо поставена пречка која сите идни раководители на оваа институција ќе мораат да ја прескокнат, а потоа да ја постават на една нова висина.

Воспоставувањето на нови конекции со граѓаните, со оние за кои постоиме, како и оживувањето на нивната изгубена доверба во нас, се само фрагменти од она што може да се нарече наша комплетна мисија. Но ако мора да се сублимира целосното значење во само една реченица, тогаш тоа недвосмислено би било реизградувањето на Библиотеката во целиот нејзин сјај и атрактивност, максимално искористување на сите нејзини ресурси и ставање на истите во корист на граѓаните, активно вклучување во секоја пора, секоја сфера на културното живеење на градот, зашто впрочем таму и и’ е местото на една модерна, современа и дигитализирана Библиотека.

Како модел и како пример за степенот на издигнатост на културниот живот во градот, не можеме очекуваме останатите аспекти драстично да се разликуваат ако Библиотеката се најде запуштена и запоставена. Токму затоа, наша цел е преку Библиотеката да извршиме културно ревитализирање не само на една институција, туку буквално на целиот град.