„Сѐ уште можам нешто да сторам“, е дело од една од најплодните млади авторки денес, Фросина Пармаковска .Тоа е роман за денешнината, за реалноста која е таква каква што ја гледаме, таква каква што ја живееме со сите недостатоци, предизвици и последици од стапиците што ни ги носи современото живеење.
Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, денес се одржа промоција на овој роман, а промотор беше проф. д-р Снежана Петрова Џамбазова вработена во Институт за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ Скопје и автор на повеќе стручни дела, поетски збирки , стручни трудови , како и литереатура за деца.
Годинешното, шеесет и прво издание на Рациновите средби, се одржа под слоганот „Рацин – македонска меморија“. И во конкуренција на 25 пријавени дела токму на ова ова дело го доби „Рациновото признание“.
Настанот започна со пиано композиција „Сонатина” во изведба на Меланија Тошевска од ОМУ„Стефан Гајдов“, додека пак извадоци од романот читаше Јана Пљокова.