Во организација на Локалната библиотека ,,Гоце Делчев” Велес и Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин” Велес, во медијатеката на библиотеката беше промовирано 25-тото издание на списанието „Велес“.

Spisanie Veles -25 - 1

Станува збор за книжевно списание чии единствени теми се Велес и велешани, а автори потписници може да бидат од сите страни на светот. Ова списание се занимава со севкупната историја, традиција и континуитет на велешкото духовно и материјално богатство од најстари времиња, па се до денес. Во овој број има повеќе книжевни студии, летопис за книжевни објави, велешки духовен архив. Издавач на ова списание е Клуб на писатели ,,Коста Солев Рацин”.

„Списанијата се најдобриот барометар за секоја национална култура и литература. Велес може да се пофали дека е еден од малкуте градови во Македоанија, кој има свое списание. На одреден нaчин овој јубилеен број ги донесува постојаните четири рубрики, статии, книгопис, велешки духовен архив, книжевен летопис. Тие се исклучиво посветени на градот, на неговата историја, сегашност, или модерни видувања на културата и книжевноста во иднина. Авторите се од сите страни на светот, но пишуваат за Велес. Радува што за прв пат има УДК број што значи дека може да живее во врските со светот. Има 29 книжевни прилози, во кој се пишува за традицијата, континуитетот, материјалното и духовно богатство на Велес“- кажа Тоциновски.

Водител на настанот беше Јасмина Ѓорѓиева. Свој музички перформанс имаа учениците Јасмин Настовски и Даниела Теова од ОМУ „Стефан Гајдов“ Велес, Магдалена Бобевска и Анастасија Ѓошевска, читаа извадоци од списанието.