На 28ми јуни, со почеток во 19 часот, во Ликовниот салон во Велес се промовираше збирката песни Откорнати души од Славјанка Љуткова. Збирката содржи 74 песни кои говорат за децата бегалци и нивните патешествија. “Оваа збирка песни е вистинското сознание на крвавата одисеја на децата бегалци од Егејска Македонија или како што вели Љуткова Eвангелието на нашиот напатен народ, за разделбата на мајката и децата”.
Сите песни се темелат на стравотиите и прогонот врз народот од Егејот. Промоцијата и издавањето на збирката песни е поддржано од страна на Здружението на граѓани Ѕвезда. Откорнати души за прв пат се промовираше во Велес, а своја промоција имаше и во Струга. Стихови од стихозбирката читаше актерката Слободанка Чичевска.
Организатор на промоцијата беше Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.