На 29 мај оваа година, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, со почеток во 12 часот, беше одржана промоција на најновата книга од писателот Трајче Кацаров, која со задоволство беше проследена од голем број граѓани, но и ученици.

На промоцијата, свои промотивни говори имаа професорите, д-р Виолета Димова и д-р Христо Петрески, а за интерпретација на извадоци од книгата на Кацаров, се погрижи актерот Страшко Милошевски.

Публиката беше задоволна од самиот настан, а дел од присутните, долго по поромоцијата останаа да разговараат со авторот интересирајќи се за оваа, но и за следни негови дела.