Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беше птомовирана книгата „Сексуална азбука“ од авторката Татјана Алексиќ, во издание на Ад Вербум.
 
Во книгата „Сексуална азбука“, која всушност е буквар за сексуалната терминологија, ќе прочитате текстови чија тематска рамка се љубовта, сексот и сексуалноста, како и објаснување на поими од областа на сексуалната терминологија од А до Ш.
 
„На шега дојдовме до оваа книга. Објавувавме колумни, кои потоа ги преточивме во книга. Немам порив да напишам книга – белетристика, но овде се работи за лексикон, азбучник на сексуални термини, на шеговит начин. Има интересни урбани ликови кои даваа изјави за одредени букви“ вели професорката Татјана Алексиќ.
Seksualna azbuka 1
Во текстуалните објави ќе препознавате интелектуална борба против предрасуди, која и во 21 век е борба со диносауруси; императиви за здрав сексуален живот што е повеќе од половина здравје; култ кон интимноста како светиња; разбивање на митови во врска со сексуалноста многу често штетни за севкупното психофизичко здравје и можност за вистински информации во вистинско време, базирани на стручна литература и белетристика.