Со емотивна изведба на ,,Ленка“ од Кочо Рацин, авторката Лилjана Стоилковска Андовска, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, ја започна промоцијата на својата книга- поетско-есеистичкиот труд „Животот е фантастичен, но…“ (со препев на руски јазик).
Директорката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, Снежана Бошевска, истакна дека Библиотеката како институција, е секогаш отворена за соработка и промовирање на македонските автори, како Лилјана Стоилковска.
Живко Поповски –Цветин којшто секогаш ги следи сите литературни и уметнички настани ширум нашата држава и дава свој допринос за истите да бидат поубави и поцветни, преку уметничкиот настап со парола „Еден мировен цвет секому на овој свет“ го збогати овој настан.
Книгата „Животот е фантастичен, но…“ е преведена на руски јазик од госпоѓата Олга Панкина-преведувач од Москва, а делови од книгата на руски јазик читаше Виолета Карпузовска.
Учениците од ССОУ „Коле Неделковски“, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ОСУ „Јовче Тесличков“,Бојана Алексовска, Викторија Дојчинова, Стефани Зафировска, Христина Јовановска, Ивана Василевска, Суада Јусуфи со професор Македонка Миланова, читаа извадоци од книгата на руски јазик.
Свој музички перформанс имаше ученичата Даниела Теова од музичкото училиште „Стефан Гајдов“ која што има руско потекло.