ДЕЈНОСТ И СТРУКТУРА
Локалната Библиотека „Гоце Делчев“ е правно лице, локална установа од областа на културата со непрофитна цел, со права, одговорности, овластувања и обврски кои ги има врз основа на Законот и на статутот. Во работењето со трети лица, Библиотеката истапува во свое име и за своја сметка и ги има истите овластувања во правниот промет со трети лица. Целосното име на библиотеката е Локална библиотека „Гоце Делчев“, а седиштето е на ул. „Алексо Демниевски“, бр.11, во Велес. Основната дејност на библиотеката е:
- – набавување, истражување, собирање, стручно обработување и проучување, заштитување, чување, објавување, информирање, презентирање и давање на користење библиотечен материјал.
- – промовирање и афирмирање на библиотечниот материјал, движното културно наследство, преку изложби, предавања, литературни читања, семинари и курсеви, прикажувања на филмови и други форми на дејствување.
- – обезбедување услови за користење и научно и стручно проучување на библиотечниот фонд.
- – издавање на стручни публикации, каталози, водичи и друг информативен материјал.
- – водење влезна евиденција, инвентарна книга, основен каталог и друг вид евиденција и документација.
- – подготвување на библиотечни каталози, база на податоци, картотеки и одржување на истите.
- – стручна обработка и чување на роднокрајниот библиотечен материјал од локално значење
- – вршење на библиографско-информациска и документациска дејност
- – следење на состојбите и нудење стручна помош на училишните и други библиотеки.
- – стручно усовршување на библиотечните кадри
- – позајмување и размена на библиотечен материјал со други библиотеки
- – грижа за правилна примена на техничко-заштитните мерки за чување и одржување на библиотечен материјал
- – маркетиншко афирмирање на библиотечното работење
- – учество во одржувањето на националната заемна библиографска база на централните каталози и бази на податоци
- – задоволување на културните потреби на пошироката јавност
- – придонес за унапредување на стручната и научно-истражувачката работа, за развојот на образованието, културата, науката и други дејности.
- – развивање на интерактивна комуникација со корисниците заради користење и популаризација на публикациите и другиот информативен материјал.
- – вршење и други услуги со достап на информации во електронска форма
- – вршење издавачка дејност, печатење и услужни активности
- – вршење и други активности од областа на библиотечната дејност соглсно со законот.
Основната структурна поделба на Библиотеката е на орган на раководење и орган на управување. Органот на раководење е Директорот, а органот на управување е Управниот одбор Моментално Локалната библиотека „Гоце Делчев“ располага со 9 (девет) вработени лица, кои се распоредени на следниве оддели:
- – Оддел за комплетирање на книжен фонд
- – Оддел за прием и техничка обработка на книжен материјал
- – Оддел за матична дејност
- – Оддел за стручна обработка на монографски публикации во одделот за возрасни
- – Оддел за стручна обработка на монографски публикации во одделот за деца
- – Оддел за автоматзација на библиотечни процеси
- – Оддел за роднокрајна збирка
- – Оддел за позајмување
- – Оддел за странски автори
- – Оддел за деца
- – Книговезница
- – Оддел за администрација
- – Оддел за техничко одржување