Литературен и ликовен конкурс за 54. „Детски Рацинови средби“

Организацискиот одбор на 54. „Детски Рацинови средби“ распишува литературeн и ликовен конкурс на тема: „Детските сништа во мугрите“.
Право на учество имаат учениците од шесто до девето одделение од oсновните училишта и учениците од прва до четврта година од средните училишта.

Творбите се класифицирани во три категории:
– категорија шесто и седмо одделение;
– категорија осмо и девето одделение;
– категорија од прва до четврта година средно.

Поетските творби за литературниот конкурс треба да се најмногу до 25 стиха. Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Најзначајно е детските песни да се оригинални. Творбите треба да се испраќаат на мејл-адресата: [email protected], најдоцна до 22 октомври.
Мејлот треба да ги содржи следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и мејл на менторот, со назнака „За Детски Рацинови средби“. Откако комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата.

На ликовниот конкурс секој ментор има право да учествува со цртеж од еден ученик. Најзначајно е детските цртежи да се оригинални. Учесниците на ликовниот конкурс треба да ги достават цртежите по поштенски пат, најдоцна до 22.10.2021 година, на ул. Алексо Демниевски бр. 11, 1400 Велес, со назнака „За Детски Рацинови средби“. Потребно е да се достават и следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и мејл на менторот.

Откако комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата.

За дополнителни информации или одговор на прашања, заинтересираните може да испратат мејл на: [email protected]

За резултатите од литературниот и ликовниот конкурс за 54. „Детски Рацинови средби“, организаторот ќе извести најдоцна до 1.11.2021 година.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...