
Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беа доделени наградите од конкурсот за поетски творби на тема „Силата на мајчиното срце“ кој го организираше заедно со Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес, по повод 8 Март-Меѓународниот ден на жената.

Манифестацијата ја збогатија ученици од петто одделение од ООУ„Св. Кирил и Методиј“, Велес, под менторство на Мирјана Стојанова, Костадинка М. Стојановска и Вилма Дервишова.

