Библиотеката го одбележа Светскиот ден на литературата за деца, 2 април, преку креативна книжевна работилница со Ксенија Маказлиева Трајчева, автор на книгата за деца „Првачиња – Ета и Влатко дете слатко“.

Книгата за деца „Првачиња – Ета и Влатко дете слатко“ е мултимедијална, интерактивна, богато илустрирана книга според актуелната наставната програма. Содржи кратки интерактивни раскази со богати, оригинални илустрации како и синхронизирани содржини за полесно совладување на правилниот говор и изговор на македонскиот јазик.

Денот на литературата за деца за првпат бил прославен во 1967, а оттогаш секоја година во светот се одбележува на 2 април за да се промовира љубовта кон читањето кај децата и да се нагласи важноста на книгите.

Датумот го означува роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, прочуениот дански автор, познат по делата како „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други.

Целта на оваа книжевна работилница беше поттикнување на љубов кон пишаниот збор од најрана возраст.
На интерактивната работлница учествуваа првачиња од основните учлишта ООУ„Св.Кирил и Методиј“, ООУ„Панко Брашнаров“, ООУ „Васил Главинов“-Велес и ООУ „Блаже Конески“ – Велес.

