Денеска, во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, со поетски перформанс на тема „За македонските работи“, во изведба на учениците од ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес, под менторство на професорките Жаклина Ивановска Зафирчева и Рената Софијанова Николова, беа одбележани 154 години од раѓањето на патронот Гоце Делчев. Пред присутните беше прикажан и видеозапис за Гоце Делчев, подготвен од Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес.


Како и секоја година, библиотеката ги награди своите најверни читатели:


На свеченоста беа доделени и дипломи на наградените од литературниот конкурс по повод 4 Февруари – Денот на раѓањето на Гоце Делчев, на тема „Корените – тоа сме ние“, во категориите поезија и проза.

За континуираната поддршка и донација на книги, библиотеката оваа година додели Благодарница на Десанка Николова за успешната соработка во 2025 година.

Настанот беше збогатен со прекрасни музички изведби на Магдалена Тодоровска, сопран, во придружба на Илија Настовски. Водител на настанот беше Јасмина Ѓорѓиева.
