Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, предавање за тоа колку е важно здраво да се храниме и дали здравата храна влијае врз нашето здравје одржа нутриционистот Антонио Велковски кој е автор на книгата „Ајде да јадеме“.
Присутните внимателно ги слушаа советите кои ги презентираше Велковски којшто е магистер по нутриционизам и наука за храна кој веќе пет години работи со клиенти, пишува рецепти и соодветни програми за исхрана.

Книгата, „Ајде да јадеме“ е наменета за сите што сакаат да се хранат здраво или што постат содржи 82 вкусни и посни рецепти за секој ден. Во неа исто така има сугестии како да се модифицираат тие рецепти. Има рецепти за појадоци, главни јадења, супи, десерти, салати. Конкретно е издадена за постите, затоа што на луѓето им е најтешко да искомбинираат јадења во времето на постот, а секако дека може да се прилагоди за во текот на целата година.

Активно учество во презентација земаа и сите присутни кои прашуваа какви грешки прават во исхраната.

Учениците од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ Велес од Угоститеско- туристичката струка приготвуваа овошни салати и посни бомбици кои сите присутни можеа да ги дегустираат.
