Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2025 година“ на кој учество земаа ученици од основните училишта од Велес, Градско и Оризари.

Прво место освои ученичката Талиа Павловска 9 одд. од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Каролина Попова,
второто место ѝ припадна на Изабела Димков 9 одд. од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Каролина Попова,
а трето место е Теодора Ристова 8 одд. од ООУ „Блаже Конески“ Велес под менторство на Иванка Славковска.

Учениците кои ги освоија првите три места, покрај дипломи, добија книги и вредносни ваучери, а сите други учесници добија благодарници и книги за покажаниот успех.

Првонаградената Талиа Павловска се здоби со право за учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 9.5. 2025 во НУЦК „Кочо Рацин “ Кичево.

Ѝ посакуваме многу успех и достојно претставување на нашиот град.
