Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес успешно го реализираше проектот „Приказна за добар сон“ во соработка со детската градинка „Димче Мирчев“.

Претставници на Библиотеката ја посетија највозрасната група на деца во сите објекти на градинката. Се разговараше за значењето на сказните и бајките, за ликовите и карактеристиките на овој вид на литература. Во времето пред да спијат, на децата им се прочита приказната за добар сон. Читањето на приказни пред спиење е добра практика за развојот на детската фантазија и имагинација.

Целта на овој проект е мотивирање на децата за читање и зголемување на љубовта кон книгата уште од најмала возраст. Досегашното искуство во соработката детската градинка „Димче Мирчев“ е позитивно поради тоа и оваа година по четврт пат се реализираше овој проект и се надеваме дека ќе продолжиме и понатаму
