Во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен се одржа 25. републички натпревар „Млади библиотекари“, на кој учество зедоа ученици од повеќе градови од државата, покажувајќи знаење од областа на библиотекарството, информациската писменост и користењето на библиотечни ресурси.

Како победник на општинскиот натпревар во организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, Општина Велес ја претставуваше ученикот Александар Пановски од IX одделение од ООУ „Даме Груев“ од Градско. Тој настапи под менторство на професорката Лидија Картулкова и библиотекарот Павлина Најдова.

На натпреварот, каде учествуваа вкупно 23 натпреварувачи, ученикот Пановски постигна одличен резултат и се пласираше на петтото место, со што достојно го претстави својот град и својата училишна и библиотечна заедница.

Организаторите и менторите упатуваат честитки за вложениот труд, посветеноста и стекнатото знаење, со желби за уште поголеми успеси во иднина.