Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес се одржа Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2026“, на кој учество земаа ученици од сите основни училишта од Велес, Чашка и Градско.

Во силна конкуренција, учениците ги покажаа своите знаења и вештини од областа на библиотечното работење. Третото место го освои Димитар Димитров, ученик од ООУ „Даме Груев“ од Градско, под менторство на Лидија Картулкова. Второто место ѝ припадна на Теодора Ристова од ООУ „Блаже Конески“ Велес, со ментор Иванка Славковска.

Најдобар меѓу натпреварувачите беше Александар Пановски, ученик од ООУ „Даме Груев“ од Градско, под менторство на Лидија Картулкова, кој со освоеното прво место обезбеди пласман на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2026“. Државниот натпревар ќе се одржи на 15 мај во Ресен.

Наградените ученици, покрај дипломите, добија и книги како признание за постигнатиот успех, додека на останатите учесници им беа доделени благодарници за успешно учество.

Натпреварот уште еднаш ја потврди важноста од поттикнување на љубовта кон книгата и библиотекарството кај младите генерации.
Натпреварот „Млади библиотекари“ оваа година е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам како проект од национален интерес од областа на библиотечната дејност за 2026 година.
