Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес со ученичкот Андреј Петровски од ООУ ,,Даме Груев” со ментор Лидија Каратулкова од Градско, победник на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ 2024, учествуваше на 23-ти републички натпревар ,,Млади библиотекари” кој се одржа во Куманово.
Во конкуренција од 25 ученици, Андреј Петровски го освои високото второ место. Победник на овогодинешниот натпревар е Ардита Зенку од Кичево, додека третото место и припадна на Анисија Петрушевска од Скопје.
Првите три места добија подарок книга и вредносен ваучер како донација од Нептун Македонија, како и Дипломи за освоено прво, второ и трето место. Останатите учесници и ментори добија дипломи и книга.
Следната година, 24-ти републички натпревар ќе се одржи во Кичево коишто оваа година за првпат зедоа учество на натпреварот и го понесоа првото место.