Делегација на ДПМ во Велес во чест на аудио книгата „Бели мугри“

На 28 ноември, 2018 година во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес се одржа промоција на аудио книга „Бели мугри“ – самостојно и волонтерско издание на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и Здружението на слепите лица на Општина Велес, кое излезе во чест на 79 годишнината од излегувањето на антологиската поетска збирка „Бели мугри“ од Кочо Рацин.

Присутните во салата имаа можност да слушната фрагменти од аудио книгата. Во оваа чест, делегација од осум еминетни поети и писатели од Друштвото на писателите на Македонија ја посети библиотеката и одржа пригодно предавање за Рацин, а беа прочитани и авторски стихови од поетите, посветени на Рацин.

На промоцијата и поетското читање присуствуваше и делегација од Општина Велес, предводена од градоначалникот Аце Коцевски

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...