Книжевни работилници со Ксенија Маказлиева Трајчева
Makazlieva 1
По повод месецот на книгата во Библиотеката се одржаа три креативно –книжевни работилници со авторот на книгите за деца „Спирко немирко “ и „Борко брзозборко“ и уредник на списанијата „Росица “ и „Другарче“ , Ксенија Маказлиева Трајчева.
 
Ученици од сите основни училишта од Велес се запознааа со професијата уредник, дознаа што значи поимот издавачка куќа  и на кој начин се создава една книга и списание. Навлегоа во прекрасниот свет на творештвото преку драматизации, литературни творби и читање на раскази .
За учениците да си заминат побогати со знаења и полни со убави импресии заслужна е самата авторка и соодветните одделенски наставници.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

„55 Детски Рацинови средби“, младите поети и ликовни уметници твореа во чест на Рацин

„55 Детски Рацинови средби“, младите поети и ликовни уметници твореа во чест на Рацин

Во чест на безвремениот Коста Солев Рацин и годинава се одржаа Детските Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ по 55-ти пат, на едно место се собраа млади поети од повеќе градови во државата и талентирани ликовни уметници, чии...

Промовирано делото на Снежана Петрова – Џамбазова „Другарска азбука“

Промовирано делото на Снежана Петрова – Џамбазова „Другарска азбука“

На 28.10.2022 година во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на „Другарска азбука“ од Снежана Петрова - Џамбазова. Ова дело на велешката авторка беше промовирано преку работилница со ученици од второ одделение од сите основни...

Промоција на книгата „Потрага по загубениот гроб“ од Панче Коцев

Промоција на книгата „Потрага по загубениот гроб“ од Панче Коцев

Пред многубројната публика во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовирана книгата „Потрага по загубениот гроб“ од авторот Панче Коцев.  Панче Коцев е ново име на нашето литературно небо, а книгата „Потрага по загубениот гроб“ е негов дебитатнски...