Со извадоци од делото ,,Гоце Делчев во народното и уметничкото творештво” во редакција на Христо Андонов Полјански во изведба на учениците од ООУ„Блаже Конески“ под менторство на наставничката Костадинка Атанасова , денеска во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одбележа раѓањето на нејзиниот патрон.

Dodeleni nagradi za 4 fevruari 2025-4

Библиотеката, како и секоја година, ги награди читателите со најголем број изнајмени книги.
👉Наjмлад читател за 2024 година е Чедомир Костадиновски,
👉Највозрасен читател е Марија Питиќова.
👉Најчитател од Одделот за возрасни е Билјана Стојановска.
👉Најчитател во категорија од основно образование е Ана Митровска,
👉Најчитател во категорија од средно образование е Василка Карталова
👉Најчитател во категорија студент е Андријана Јакимова
👉Најчитател во категорија пензионер е Светлана Есенчева.
👉Најчитател од Одделот за деца од организациската единица во Градско e Глорија Сандев
👉Најчитател од Одделот за возрасни од организациската единица во Градско e Жаклина Маркова.
 
 
На оваа свеченост беа доделени и дипломите на наградените од литературниот конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев – 4 февруари, на тема: „Моќта на книгата“.
 
 
Секоја година добиваме донации на книги од нашите сограѓани со коишто се збогатува библиотечниот фонд. Оваа година Библиотеката и дава Благодарница на Цветанка Ѓакова Панова за нејзината донација.
 
 
Одбележувањето на патрониот празник на Библиотеката беше збогатено и со прекрасните изведби на членовите на Балетското студио „Анабела“, Лена Жабева, Александра Глигоровска и Искра Ивановска под менторство на кореографот Цеца Пајдакова. Водител на настанот беше Лука Панов.