Одбележан Светскиот ден на поезијата, 21 Март

Локалната библиотека„Гоце Делчев“ Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“во просториите на медиотеката денес на 19.03.2021 го одбележаа Светскиот ден на поезијата, со поетско читање на избор стихови од поезијата создадена од нив. Секоја година 21 март е резервиран за одбележување на три големи настани.

Денот на пролетта , денот на екологијата и Светскиот ден на поезијата.

Со цел да се сврти вниманието на јавноста кон поезијата, како уметност целосно отворена за луѓето, на 30 –тата седница на УНЕСКО во 1999 година во Париз, било одлучено Светскиот ден на поезијата да се слави на 21 март секоја година. И Македонија приклучи во славење на поезијата со книжевни собири од кои авторите испраќаат пораки.

Денот на поезијата е празник кој не е важен само за поетите, туку и за читателите, бидејќи овие креации живеат во душата на секоја личност. Поезијата е одраз на слободата,моќта на говорот и составен дел од културата на секоја нација. Затоа секоја држава, нација и култура треба да стори се за да ја поттикне поезијата и да не потсети да не заборавиме дека поезијата е нашата заедничка културна животна сила. Поезијата е боја која помага да се наслика нашиот живот со живописни бои. Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и развојот на креативните способности на секој човек.

Една од целите да се подржи јазичната разновидност и да им се даде подршката на малите издавачи. Честитки за сите поети од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ со желба за поголеми успеси и нивна афирмација На настанот слушнавме стихови излезени од перото на Лили Арсова, Светлана Далевска, Нада Алексова, Соња Гаврилова, Марина Стојанова,Божидар Јовиќ,Родна Јанчева,Вероника Саздова кои испратија порака во чест на Светскиот ден на поезијата. Настанот беше организиран со почитување на Протоколот за организирање на настани.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...