Прва промоција од Поетскиот караван „СТИХУВАЛКИ 2022“

Денес, 13.5.2022год, пред  Ликовниот салон се одржа првата промоција  од Поетскиот караван „СТИХУВАЛКИ 2022“, како дел од проектот поддржан од Министерството за култура. Настанот е организиран од издавачката куќа ЕДУКА МАК, во соработка со Локална библиотека „Гоце Делчев“, Народниот музеј Велес и ОЈУДГ „Димче Мирчев“.

Настанот го отвори м-р Ели Маказлиева, носител на проектот, промотивен говор имаа  проф.  д-р Кристина Николова, проф д-р Елизабета Бандиловска и писателката Лила Арсова. Со свои точки настапија децата од Градинката, учениците од ООУ„ Васил Главинов“ и ООУ„ Св. Кирил и Методиј“. Свои творби застапени во изданието прочитаа роднокрајните автори за деца Атанас Крлевски, Десанка Николова и Наташа Брезовска-Богоевска.

Завршниот настан на Петтиот фестивал за деца „СТИХУВАЛКИ 2022“  ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“ Скопје.

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...