Промовирана книгата „Успеси и заговори 1993“ од Стојан Андов

На 4.10.2018 година во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ со почеток во 13 часот, се одржа промоција на книгата „Успеси и заговори 1993“ од првиот претседател на Собранието на Република Македонија, г. Стојан Андов. Промоцијата се по повод објавувањето на неговата најнова книга.

Промотори на книгата беа долгогодишниот дипломат и амбасадор во повеќе држави, г. Љупчо Арсовски и г. Раде Силјан, во улога на книжевен критичар и познавач на книжевното дело на Стојан Андов, но и како издавач на истото. Извадоци од книгата читаа дипломирани студенти од ЕСРА, од класата на проф. Мето Јовановски.

Во знак на благодарност, на крај збор зема и авторот на делото, г. Стојан Андов кој се заблагодари на присутните и на Градоначалникот на Општина Велес, г. Аце Коцевски, кој ја следеше промоцијата, а на сите кои беа заинтересирани им подари од својата книга.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...