Промовирана монографијата за Светлана Антоновска

На 27 ноември, 2018 година со почеток во 12 часот, во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, се одржа промоција на монографијата „Светлана Антоновска – македонската челична дама“, приредена од авторот Иван Антоновски, обемна и опсежна книга која во целост го опфаќа ликот и делото на Светлана Антоновска, еден од најважните двигатели на Заводот за статистика во Македонија од нејзиното осамостојување и неговиот развој.

Во монографијата се поместени десетици согледби и искази од нејзини соработници и современици, луѓе кои добро ја познавале и почитувале. Во рамки на промоцијата беше прикажан и видео портрет изработен од видео материјали преземени од повеќе телевизиски куќи, а свој опсежен промоторски осврт на монографијата имаше проф. д-р Златко Жоглев. Беше прочитана и песна посветена на Светлана Антоновска од поетот Ристо Лазаров, во интерпретација на Игор Крајчев.

На крај свое обраќање имаше и приредувачот Иван Антоновски.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...