Промовирано делото на Снежана Петрова – Џамбазова „Другарска азбука“

На 28.10.2022 година во Медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на „Другарска азбука“ од Снежана Петрова – Џамбазова. Ова дело на велешката авторка беше промовирано преку работилница со ученици од второ одделение од сите основни училишта во Велес под менторство на наставниците: Роска Петрова, Лорета Стојанова, Мaријанчо Филипов и Оливера Матева.

Учениците се запознаа со содржината на делото кое преку стихувана форма со тема од училишниот живот ги претставува буквите од азбуката. Потоа сите ученици активно се вклучија создавајќи свое другарче од секоја буква на креативен начин.

„Другарска азбука“ од Снежана Петрова – Џамбазова е четиво кое го олеснува процесот на учење на буквите.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Изложба на книги од проектот „Збогатување на Роднокрајниот оддел“

Изложба на книги од проектот „Збогатување на Роднокрајниот оддел“

Зборот е печат, а делото вечен паметник на едно време, на едно постоење. Кога делото се чува и негува тоа опстојува низ годините, низ вековите, а со самото свое опстојување, на својот создател му дава бесмртност. Токму тоа го прави Библиотека негувајќи го...

Фотопроект- „Помеѓу полиците“

Фотопроект- „Помеѓу полиците“

  Ова е проект во којшто наши читатели ја посетија Библиотеката и беа фотографирани помеѓу полиците со книги. Целта е промовирање на Библиотеката и библиотечниот материјал, мотивирање на јавноста за читање и зголемување на љубовта кон книгата. Очекуваме...

Промовирани четири аудио книги за лицата со оштетен вид

Промовирани четири аудио книги за лицата со оштетен вид

Денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беа промовирани четири аудио книги наменети за лицата со оштетен вид, заеднички проект на библиотеката и Здружението на слепите лица на Општина Велес поддржан од Министерството за култура.   Снимени се четири...