Во атмосфера исполнета со многу силни емоции во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велс, се одбележа творештвото на авторката Славица Дабевска Кировска . Граѓаните присутни на промоцијата се запознаа со содржината на прозните дела „Зелениот капут“ и „Срна“, за кои авторката најави продолжение со што оваа едиција ќе стане трилогија во која е преточена вистинска приказна.
Настанот го збогатија музичките точки на Љубе Лазов од ОМУ „Стефан Гајдов“ и пејачката група при Здружение на пензионери Велес. Извадоци од делата читаа Кристина Шопова и Марија Бошевска, а во улога на водител беше роднокрајната поетеса Јасмина Ѓорѓиева. Со своите афоризми присутните ги насмеа афористичарот Атанас Крлевски.
Славица Дабевска Ќировска e родена во Тетово. Пишува поезија и проза. Досега ги има објавени следниве стохозбирки на современа поезија: „Булки покрај пругата“ (2011) „Венчаница“( 2012) „Душа која грее“(2012) ,,Само ѕвездите знаат“(2013).Зелениот Капут-роман(2016), Срна( 2022)-роман и неодамна стихозбирката со симболичен наслов,, Плетенка,,(2023).Досегашното поетско умеење е претставено на многубројни литературни портали, за што зборуваат бројни дипломи и зборници во кој е застапена.