Промоција на делата на Тошо Филиповски

На 6.8.2021г. во Ликовниот салон, Локалната библиотека „ Гоце Делчев“ Велес ја организираше промоцијата на делата на Тошо Филиповски: „Македонски рок времеплов“,  „Македонска дискографија – винили“ (1958-2019), прв том, „Македонска рок енциклопедија“ (1963 – 2018) – прв том.

На оваа активност од манифестацијата Велешко културно лето, воведничарот Борче Стојанов поранешен член на групата Ла Манш ја потенцираше важноста на овие три монографии за македонската рок музика и големиот придонес  на  Тошо Филиповски како хроничар на македонската рок сцена. Присутните имаа можност да го проследат документарниот филм создаден од МТВ за почетоците и текот на македонската рок музика.

Овие три монографии се први од ваков вид кај нас, а со оглед на нивната опсежност, и во поранешните југословенски републики.  Сега и Библиотеката ги има нив.

Македонска РОК Енциклопедија (1963 – 2018) – прв том

Издавач: Corpus Delicti Records

Приредувач на Енциклопедијата: Тошо Филиповски

Тираж: 1000 примероци

333 МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ СОСТАВИ

Околу  2500 СПОМЕНАТИ МУЗИЧАРИ

Околу 400 црно-бели фотографии

Жанрови: rock, jazz, blues, electronic, hip hop, world music, pop-rock, punk, heavy metal, reggae, ska……….

• A4 формат

• тврд повез со обвивка

• црно бел принт со колор насловна

• приближно 500 страници

• повеќе од 400 фотографии

 

 

Име на монографијата: Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), прв том

Издавач: Corpus Delicti Records

Приредувач на Монографијата: Тошо Филиповски

Тираж: 800 примероци

• A4 формат

• тврд повез со обвивка

• колор принт

• 474 страници

 

Содржина:

Комплетно се презентирани 333 винилни изданија (самостојни и заеднички), на македонски артисти и бендови, како и винилни изданија (компилации) на кои се застапени теми/песни/траки на македонски артисти и бендови.

Единствена можност да уживате во повеќе од 1.500 фотографии во боја (комплетни омоти на погоре споменатите грамофонски плочи (винили)), но и многу информации за самите изданија – еден дел официјални, но и голем дел од нив досега непознати за јавноста.

Жанровски, монографијата ги претставува винилните изданија со rock, jazz, blues, electronic, hip hop, world music, pop-rock, pop, punk, heavy metal, reggae, ska, funk, soul……….итн., музика која ја создаваат македонски музичари и бендови.

 

Македонски РОК времеплов

Издавач: Corpus Delicti Records

Приредувач на Енциклопедијата: Тошо Филиповски

Тираж: 500 примероци

Во времепловот се запишани/опишани или само споменати, концертни настани, родендени, објава на изданија, списанија, фанзини, интересни случки, промоции, смртни случаеви, …..се она што ја чини македонската рок сцена….

…..за сите 366 дена во годината се забележани околу 1500 настани…..со повеќе од 1000 фотографии….

Жанрови: rock, jazz, blues, electronic, hip hop, world music, pop-rock, punk, heavy metal, reggae, ska……….

• A4 формат

• тврд повез со обвивка

• црно-бело печатење со насловна стр. во боја

• приближно 400 страници

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...