Промоција на книгата „Поглед“ од Марина Стојанова

На 22 мај во малата сала на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес (медиотека), со почеток во 11часот и 30 минути, се одржа промоција на новата книга од велешката поетеса Марина Стојанова – „Поглед“. Книгата е во сопствено издание на авторката а се состои од повеке циклуси на поетски опсервации. Промотор на книгата беше претседателката на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес, Лила Арсова, која преку разговор со поетесата, успеа да дознае, а преку неа и сите присутни, повеќе за лирските пеења во самата книга. За интерпретација на стихови од поетесата Стојанова, задолжен беше младиот актер Кире Ацевски, а со свој настап присутните ги поздрави и малата внука на поетесата Стојанова.

За крај на промоцијата, свое обраќање имаше и авторката која истакна: „Се чувствувам среќно и убаво, оти ова промоција се поклопи со големиот празник летен Св. Никола.  Мотивацијата и инспирацијата е насекаде околу нас, во љубовта, тагата, болката. Се чувствувам среќно оти имам свој идентитет, пишувам говорам на мајчин македонски јазик. Тоа е голема привилегија и големо задоволство“.

Промоцијата беше во заедничка организација на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Велес.

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Промовирана книгата „Тркало на животот“ од Ленче Китанова

Во просториите на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес се одржа промоција на книгата „Тркало на животот“ од авторката Ленче Китанова. Настанот го отвори директорката Снежана Бошевска, а го водеше модераторот Стефанија Јакимовска.   Извадоци од романот читаше...

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa романот од Родна Јанчева – „ Непребол”

Промоција нa петтиот романот од Родна Јанчева - „ Непребол” во Локалната библиотека,,Гоце Делчев“ Велес во соработка со клубот на писатели „К.С.Рацин„. Родокрајната авторка преку овој роман го прикажува животот на едно традиционално македонско семејсво во текот на...