Промоција на книгата „Птица со скршени крилја“ од Хаснија Авдовиќ Зековиќ

На 16.10.2021 год. во Ликовниот салон со почеток во 19 часот се одржа промоцијата на книгата „ Ptica slomjenih krila“ (Птица со скршени крилја) од Хаснија Авдовиќ Зековиќ во организација на Здружението на Бошњаците и Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.

Ова е  второ издание на роднокрајната авторка, член на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, која е родена во Горно Оризари, Велес, а  живее и твори во Данска. Прво нејзино дело е збирката поезија „ Kažu da vrijeme liječi sve“ ( Велет дека времето лечи сè).

Во присуство на роднини, пријатели, членови на Клубот, соработници, збирката „ Ptica slomjenih krila“  ја промовираше  Изета Бабачиќ, извадоци читаа модераторот Алмедин Тариќ и Божидар Јовиќ, а музичката група Doubble и Алма Кицара  изведоа неколку музички нумери на босански и на македонски јазик.

 

Виртуелна Библиотека

АУДИО БИБЛИОТЕКА НА НССРМ

Е-РЕПОЗИТОРИУМ

Би ве интересирало

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Промоција на романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу...

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

Награден фото конкурс на тема „Книга за во зима“

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден фото конкурс на тема: „„Книга за во зима“ Фотографиите може да ги испраќаат на нашата меил адреса [email protected] со следните податоци: име и презиме, телефон и возраст....

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

Награден конкурс по повод раѓањето на Гоце Делчев

По повод раѓањето на Гоце Делчев, Локалната библиотека распишува награден конкурс за 1.Изработка на ликовно-литературна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 2. Поетска или прозна творба на тема:„Книгата е извор на мудроста“ 3. Поетска или прозна творба на...